Трудово право
Од областа на трудово право ви ги нудиме следниве услуги:
- Правни совети и застапување на кандидати за вработување и на работници;
- Поднесување на поднесоци — располагаме со соодветно искуство во постапување од име на работници кои работат за медиуми, во финансискиот сектор и другите дејности;
- Располагаме со успешно застапување на клиенти во повеќе области поврзани со трудот.
Трудово право — Подготовка на статути, правилници, одлуки, решенија, предупредувања и слично за вработените во друштвото. Застапување пред Судовите во Република Македонија во работни спорови.
Права на работниците
Законите гарантираат голем број на права на работниците, кои може да побараат судска заштита во случај на нивна повреда, меѓу кои:
- Заштита од неосновани причини за откажување на договорот за вработување — поднесување на тужба поради одобрено отсуство, бременост и слично;
- Право на годишен одмор;
- Право на заработувачка — плата;
- Право на надоместоци на плата, определени со закон;
- Уживање на посебна заштита за време на бременост и права поврзани со бременост, раѓање и родителство.
Дискриминација
Законот за работни односи, Законот за спречување и заштита од дискриминација, како и Законот за еднакви можности на мажите и жените ја забрануваат дискриминацијата.
За таа цел, застапуваме клиенти кои тврдат дека се жртви на дискриминација, како и бранење на лица кои се обвинети за дискриминација.
Директна и индиректна дискриминација
Принципот на еднаков третман подразбира забрана на директна и индиректна дискриминација. Врз основа на тоа, нашата канцеларија нуди правна помош при докажување и застапување во вакви постапки.
Вознемирување и полово вознемирување
Вознемирување и полово вознемирување се исто така форми на дискриминација. Под вознемирување се подразбира секое несакано однесување кое нарушува достоинството на личноста.
Под сексуално или полово вознемирување се подразбира секое несакано однесување од полов карактер, изразено физички, вербално или невербално.
Психичко вознемирување (мобинг)
Психичко вознемирување (мобинг) спрема работникот е забрането со закон и издигнато на ранг на облик на дискриминација. Нашата канцеларија нуди правна помош и застапување во постапките за заштита од мобинг.
Дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост
Под дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост се подразбира намерно оневозможување или ограничување на нивните права и слободи.
Повикување и поттикнување на дискриминација
Законот, исто така, ја забранува секоја активност со која некое лице директно или индиректно повикува или поттикнува на дискриминација.
Барања поради дискриминација врз основа на возраст
Незаконски е работодавецот да дискриминира работник врз основа на неговата или нејзината возраст, освен во случаи утврдени со закон. Примери:
- да се има стереотип кон одредени луѓе поради нивната возраст;
- отпуштање на работник поради неговата возраст;
- барање на минимален период на работно искуство за одредена работа, иако врз основа на природата на работата тоа не е оправдано.
Законот ги заштитува кандидатите за вработување и работниците, без разлика колку време работеле. Успешно имаме давано правна помош и застапување пред органи поради тврдења на дискриминација врз основа на возраст.
Еднакво плаќање на мажи и жени
На жените и мажите мора да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман во врска со повеќе аспекти на работниот однос, вклучувајќи го и плаќањето.
Имаме искуство во застапување на клиенти кои тврдат дека за иста работа, со еднакви барања на работното место, добиваат различна плата во споредба со колеги од спротивниот пол.