Граѓанско право
Граѓанското право претставува збир на правни норми со кои се уредуваат имотно-правните односи, односно оние односи кои произлегуваат меѓу рамноправни субјекти.
Од водење на граѓански постапки каде се бранат граѓанските слободи и права, до нудење на правна помош при склучување на примена на договори на физички и правни лица.
Без разлика дали станува збор за составување на договори за компании поврзани со производство на стоки или услуги, нашата канцеларија нуди сеопфатни решенија.
Услуги од областа на граѓанско право
Нашата канцеларија ги врши следниве услуги од областа на граѓанско право:
- Водење на парнични постапки, вонпарични постапки, оставински постапки и управни постапки пред надлежни државни органи;
- Преземање на различни процесни дејствија поврзани со правото на сопственост, авторско право и други стварни права;
- Застапување на клиенти во постапки за медијација;
- Застапување на правни и физички лица пред судовите во Република Македонија во граѓански спорови;
- Застапување на клиенти во постапки на извршување;
- Уредување и стекнување на право на сопственост на недвижности на домашни и странски физички и правни лица во земјата и странство;
- Застапување и заштита на правата и интересите на физички и правни лица од земјата и странство пред судовите, органите на државната управа, избран суд — арбитража и меѓународен суд.