Трговско право
Трговско право е збир на правни норми и правни правила со кои се регулира статусот на трговските друштва, правните односи на друштвата, трговските друштва и правните дела во трговскиот промет.
Секојдневно се соочуваме со предизвикот при нудење на правна помош клиентите да бидат информирани со најновите промени во прописите и регулативата.
Искуство и услуги
Располагаме со успешно искуство во:
- Регистрација на фирми, регистрација на здруженија на граѓани, регистрација на невладини организации, домашни и странски;
- Преземање на процесни дејствија во согласност со Законот за трговски друштва;
- Водење на стечајни постапки;
- Застапување во постапки за заштита на права на индустриска сопственост;
- Нудење на правна помош при водење на преговори со правни лица — инвеститори во РМ и др.;
- Општи консултации и правни совети во областите на работа на друштвата;
- Постојано и комплетно застапување и правна помош на производствени и трговски друштва, институти и друштва од земјата и од странство;
- Спроведување на стечајна и ликвидациона постапка;
- Анализа на измените и дополнувањата на законите и прописите кои се од значење за клиентот;
- Длабинска правна анализа.